Турците искешираа за “Киро Ќучук”, сега фабриката е нивна

од desk3
95 прегледи

Македонско турската компанија „Еуро Брик“ со седиште во Скопје, денеска, ја уплати сумата од 68 милиони денари за која ја купи велешката Туланица. На сметката на стечајното претпријатие легнаа и парите за ДДВ. Купувачот го испочитува законскиот рок за плаќање, рече стечајниот управник на велешки „Киро Ќучук“, Ацо Петров-пренесува ДУМА.

kiro-kucuk-fin1447772334_thumb_medium490_0

Според Петров, следи постапка во која Основниот суд во Велес ќе донесе решение со кое ќе биде извршен пренос на сопственоста на новите газди над фабриката за производство на ќерамички производи „Киро Ќучук“. Тоа ќе треба да заврши деновиве.

Инаку најстарата Туланица во Македонија се продаде на петиот оглас за продажба што се одржа на 19 октомври, годинава.

Извор: ДУМА