Пред почетокот на натпреварот меѓу Англија и Франција на Вембли, целиот стадион со околу 90 илјади гледачи ја пееше националната химна на Франција во знак на сочувство кон загинатите во нападите во Париз. Пред првиот судски свиреж имаше и едноминутно молчење.

Принцот Вилијам и селекторите на Англија и Франција – Рој Хоџсон и Дидие Дешамп, положија венци на “Вембли” во спомен на жртвите на нападите во Париз.