Официјално е: Смартфонот веќе навистина може да стори сè за тебе! Па запалете некоја свеќа и наместете го акцентот на Сири на британски, затоа што IZIVIBE штотуку ја најави креацијата на првата секс играчка оперирана од вибрациите на мобилниот телефон.
IZIVIBE е футрола за телефон со прикачена силиконска рачка што може да биде контролиранa со посебна апликација.
Изберете помеѓу седумте брзини или едноставно употребете ја рачката како дилдо. Може исто така да биде оперирана од далечина ако сте во расположение да се опуштите со љубовник кој не е до вас.
Компанијата го објаснува новиот производ како „оригинален и не вулгарен… едноставен и ефективен“.
Веројатно чувањето на вашиот телефон во торбата полна со бактерии и потоа внесувањето во вас и не е баш медицински препорачано.

giphy
На жалост, нема да можете да се почестите со IZIVIBE за Божиќ годинава. Тој нема да биде на пазарот до Јуни 2016.