Потребни производи:
6 парчиња пушена сланина или шунка
8 големи јајца
1 чаша домати
2 лажици свеж лук, сецкан
Црн пипер
Сол
Подготовка:
Запржете ја сланината во тава на средна температура. Промешајте, за да не потемне. Извадете ја од тавата и ставете врз кујнска хартија за да се исцеди од маста.
Измешајте сланина, јајца, домати, лук, пипер и сол во сад, а јајцата сда се претходно изматени. Истурете ја смесата во садот за мафини. Садот претходно подмачкајте го со малку масло.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.