Алтернативното филмско изразување во Македонија, или формално наречен аматерски приказ, иако на суптилен начин се провлекува низ кино салите, зазема се поголем простор, со оглед на прогресот на мултимедијалните алатки.

Ако некогаш за изработка на филм била потребна скапа опрема, денес се продуцираат алтернативни интригантни теми кои придонесуваат во богатењето на филмската култура. Во Македонија досега пионер на аматерскиот филм е режисерот и професор, Стефан Сидовски. Моментално во државата циркулираат алтернативни и мали продукциски организации, меѓу кои и „Филмофилска продукција“ на млади и надежни филмаџии. До сега имаат изработено три филмови, а во тек е и четвртиот филмски запис на режисерот Владимир Најдовски. Последното филмско остварување „Иумидрум“, привлече внимание кај публиката. Според Најдовски, аматерскиот филм е иднината на новиот визуелен израз.
– Аматерскиот филм има голем потенцијал, затоа што има традиција и алтернативна филмска публика. Морам да го цитирам мојот пријател од Лондон, Вилјам Браун, режисер и предавач на аматерски филм кој констатираше дека алтернативната филмска публика е побогата во Скопје за разлика од Лондон. Најголемата поп клултура во Македонија е филмот. Луѓето сакаат да се губат во илузијата, вели Најдовски.
Аматерските филмови обработува теми инспирирани од актуелните општествени појави, со посебен пристап и апстрактна естетика. Иако, најчести проблеми со кои се соочуваат е формирањето на филмска екипа, Најдовски вели дека најважен е ентузијазмот.
– Треба интузијам и желба. Мобилен и ништо повеќе, споделува младиот режисер за Локално.мк.
Но од друга страна, неговиот соработник и монтажер Марина Аврамовиќ – Вилко, вели дека изработката на аматерски филм е голем предизик пропратен со проблеми.
– Главни проблеми за изработка на аматерски филмови е недостатокот на финансиски средства, организирање на кастинзи и опрема. Најчесто актери се наши пријатели. Но аматерскиот филм е начин на живот. Без создавање филмови не постојам, вели таа.

Игор Јованов активно учествува во создавањето на аматерските филмови на „Филмофилска продукција“. Неговиот придонес во филмот како актер е желбата да се создаваат филмови.
– Пред се, тргнувам од идејата за збогатување на филмската култура без разлика на продукцискиот капацитет. Македонија е земја каде филмот добива нова форма и се доближува до суштината, а тоа е испраќање на порака, вели Јованов.
Иако, „Филмофилската продукција“ засега е непрофитна, таа соработува со голем број на млади уметници, дел од тимот и активен соработник во делот на музиката и глумењето е и
Горан Москов.

Аматерскиот филм во Македонија до сега се промовира на неколку филмски фестивали. Во едно инревју за Излез.мк, режисерот Стефан Сидовски вели:
„Филмот денес е индустрија, но се случувало во минатото, од време на време, да се појават обиди на интелектуалци што не го гледале филмот само како забава и како разонода, туку и како уметност.“
Вероника Камчевска