Американскиот Стејт департмент предупреди дека Италија, исто така е меѓу земјите каде се можни терористички напади врз познати и посетени објекти како оние од Париз, јави АП.

20151119.xkgvfgpnbo

Американските власти веќе ги предупредиле италијанските колега за опасноста. Од ФБИ им ги дале на Рим податоците со кои располагаат. Меѓу целите се храмови, театри, хотели, ресторани и други цели во главниот град,Мета се  Милано и други градови. Амбасадата во Рим исто така, ги повика американските граѓани во земјата кон претпазливост. Претходно, медиумите во земјата цитираа изјави на извор од разузнавањето, според кого за моментот директна закана за Италија нема. Тој, сепак уверува дека истражните следат и посветуваат голема  внимателност  за сите таква.податоци.

 Потсетуваме дека по нападите во француската престолнина се објавија  закани кон различни земји и политичари, многу од земјите го  зголемија нивото на закана,  а голем број настани беа откажани поради безбедносни причини.

Слични содржини