(ВИДЕО) 1000 рудари остануваат без работа

од desk3
83 прегледи

Министерството за економија веќе поднесе предлог за раскинување на договорот за концесија сокомпанијата Индо минерали, која во изминатите неколку години беше претставана како една од најголемите странски инвестиции и работодавци во Македонија. Причината за ова се неподмирените обврски кон државата на концесијата за експлоатација на минерални суровини-пишува РСЕ.

рудар

Во Синдикатот за рударство енергетика и индустрија проценуваат дека околу 1000 вработени ќе останат без работа со отворањето на стечајната постапка.

„Веќе четврт месец како не земале плата, но тие рудници поради несоздавање технички и безбедносни услови и опрема не се во функција од 24 септември, бидејќи нема услови за производство кои треба да ги обезбеди работодавачот. Исто така фирмата е презадолжена кон многу доверители и има блокира сметката. Тоа е многу лоша ситуација“, вели претседателот на Синдикатот Пеце Ристески.

МЖ со “терминолошко” информирање за железничкиот инцидент, не било “излетување” туку “исклизнување ”

Компанијата стопанисува со рудниците Злетово, Тораница и Добрево од 2006 година, а според изјавите на генералниот менаџер, Индо минерали инвестирале повеќе од 1 милијарда денари во инфраструктура, развој и рударска опрема.
За овој проблем реагираа и од СДСМ Крива Паланка истакнувајќи дека уште една странска инвестиција си заминува од државата.

– Резултат, повеќе од 1.000 рудари остануваат без работа. Многу од нив задолжени со кредити и неплатени сметки како последица на неисплатените плати од неколку месеци, оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Никола Груевски да излезе пред граѓаните и пред рударите и одговори зошто си заминува овој инвеститор од Македонија? – повикаа членовите на СДСМ Крива Паланка.

Оттаму велат дека рударите се револтирани и со право реагираат оти извршителите само што не им затропале на врата.