(ВИДЕО) СДСМ со документи: Груевски се согласил да се прави анализа на спроведувањето на Рамковниот договор

од desk3
127 прегледи

Груевски се согласил на анализа за спроведувањето на Рамковниот договор. Еве документ со архивски печат од Владата. Дали целта на неодговорниот Груевски е да разгори меѓуетнички тензии во Македонија само себеси да се спаси?-праша денеска портпаролот на СДСМ-Петре Шилегов.

Тој обелодени документ за кој тврди дека е со архивски печат од Владата и потпишан од вицепремиерот Муса Џафери со кој е договорено Владата и Европскиот институт за мир да одржат Конференција за анализа на спроведувањето на Рамковниот договор на 1 декември во Скопје.

-е-вистината-што-сакаше-да-ја-сокрие-Груевски

Според Шилегов, Груевски измислува приказни за федерализација за да го покрие овој владин документ.

-Груевски се обиде да сокрие дека Власта стои зад Конференцијата за анализа на спроведувањето на Рамковниот договор, што треба да се одржи на 1 декември во Скопје. Потпишан е вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, во име на Владата. Сега Никола Груевски мора да излезе и да им објасни на граѓаните на Македонија која е причината за Конференцијата.

(ВИДЕО) Ген. Ангелов: Груевски обезбедил 200.000 евра од буџетот да се испита можноста за воведување втор службен јазик