ФК Вардар доби професионален тренинг центар

од Vladimir Zorba
477 прегледи

Професионалниот тренинг центар на Фудбалскиот клуб Вардар денеска и официјално е отворен. Проектот, вреден над четири милиони евра, е реализиран по пат на јавно приватно партнерство на инвеститорот и сопственик на ФК Вардар, Град Скопје и Општина Гази Баба.

hqdefault (1)

Сопственикот на ФК Вардар Сергеј Самсоненко искажа особено задоволство за добрата соработка со администрацијата во реализацијата на овој проект.

– Одевме чекор по чекор кон нашата зацртана цел. Првиот објект беше спортскиот комплекс „Јане Сандански“, наменет за нашите два ракометни клуба. Следниот чекор беше да обезбедиме услови за нашата прва екипа ФК Вардар – објект кој одговара на сите европски стандарди за тренинг во врвни услови и за остварување врвни резултати, изјави Самсоненко.

Спортскиот тренинг камп на ФК Вардар располага со две фудбалски игралишта, комплекс за сместување на фудбалерите, теретана и фитнес центар.