Вонредна- Се евакуира центарот на Лондон, кружат хеликоптери

од Vladimir Zorba
96 прегледи

 Силите на редот предупредуваат луѓето да се држат подалеку од прозорците, уапсени се тројца мажи

20151121.lfxgxvfhsn

Полицијата евакуира луѓето од  улицата “Блекфрајерс” во центарот на Лондон, јави The Independent. Според податоците на изданието во моментов се врши специјализирана операција при која веќе се уапсени три лица. Очевидци велат дека над улицата кружат хеликоптери. На местото пристигнале и пожарникарски коли . Движењето е забрането.  Вработените на редот молат сопствениците на продавниците да не ги напуштаат просториите и да се држат настрана од излозите.  Лондонската полиција не соопшти детали зошто комбето е запрено, и се упасени тројцата мажи.

Полициската акција во Лондон уследи откако денеска Брисел е речиси целосно блокиран поради терористички закани. Во главниот град на Белгија во сила е највисоко ниво на опасност од терористички напади, една недела по терористичките напади во Париз, каде загинаа 130 луѓе