111
Над 2000 економски имигранти ја блокираа пругата на границата помеѓу Македонија и Грција. Тоа се случи откако не добиле дозвола да преминат на македонска територија. Бројката постојано се зголемува, бидејќи грчките власти дозволуваат на сите пристигнати по нејзините острови да продолжат по патот.
Властите пуштаат само граѓани од Сирија, Ирак и Авганистан, а оваа мерка беше воведена откако тоа го направија Хрватска и Србија. Во Гевгелија 500 лица чекаат да го продолжат патот за Србија, а во кампот во Табановце – уште 280 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР-На Гевгелија строга контрола -транзит само за бегалците
Се очекува Доналд Туск да ја посети Албанија, Србија и Македонија. Во меѓувреме, властите објавија дека можат да прифатат не повеќе од 2000 луѓе.