Помеѓу 100 и 200 луѓе дневно аплицираат да добијат сертификати за бугарско потекло. Најмногу барања има од Украина, Молдавија и Македонија.

Ова го соопшти Иванка Славчева, главен експерт во Државната агенција за Бугарите во странство за време на шестата седница на Светскиот парламент на Бугарите во Варна. Форумот ги собра делегатите од дијаспората од целиот свет.
Според Славчева во различни држави од сите континенти има близу 850 бугарски заедници, а најмногу Бугари има во САД, Канада, Шпанија, Велика Британија и Германија.