(ГАЛЕРИЈА )Втор ден невидени мерки за безбедност во Брисел- Македонците безбедни

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Во Брисел втор ден на невидени мерки за безбедност при највисоко ниво на терористичка закана. Продолжува потрагата на Салах Абдеслам кој по нападите во Париз, според сведочењето на сведоците, се вратил во Белгија на 14 ноември.бр5

Според информација на RTL белгиските власти бараат можеби уште еден терорист. Претходно вчера полицијата уапси нов осомничен за врски со нападите во Париз. Во домот и автомобилот му е  пронајдено и  оружје.

бр3

Информацијата е на белгиската државна телевизија, која Федералната обвинителство подоцна потврдила. Веројатно станува збор за Мароканец на 39 години, жител на бриселскиот предградие “Жет”. Уапсениот е обвинет за учество во терористичка група.бр2

Станиците на метрото во Брисел остануваат затворени, масовните манифестации се откажани, затворени се сите театри, кина, музеи, галерии и концертни сали. Одложени се фудбалските натпревари.бр1

Македоснкото  Министерство за надворешни работи  преку амбасадорот Еленовски извести дека македонсците кои во голем број живеат во Брисел и околината се прдржуваат кон насоките дадени од безбедносните служни и се чувствуваат безбедно.бр