“Моленбек” се гледа како дупката на Европа. Околу оваа тема се произнесе еден од најпознатите белгиски општественици – најмладиот политички филозоф од албанско потекло, Блерим Леши.
Со години тој го истражува соседството . “Моленбек е место кое изгледа многу, многу страшно … Всушност не е страшно, но е место во кое живеат претежно сиромашни млади луѓе. Всушност, тоа е второто сиромашно општество во Белгија . Исто така населението е многу разновидно и околу 70 -80 проценти од населението има миграциско минато “, коментира тој.
Според него процентот на отпаднатите од училиште е 30%. Постојат голем број на социјални и економски проблеми. “Овие млади луѓе се родени и израснале на тоа место. Тие имаат многу тежок живот. Веќе ги споменав социјалните и економските проблеми, но исто така во Белгија постои расизам и дискриминација. Всушност, Белгија е земја во која за мигрантите нема работа и во која се забележува најголема нееднаквост во образовниот систем, не само во Европа, туку во целиот западен свет “, додаде Блерим Леши.
Исторски рекорд во Албанија: Дури 100.000 аплицикации на американската лотарија
“Проблемот е во тоа што луѓето немаат вредност. Тие чувствуваат дека не се во поддршка на општеството и дека со ништо не придонесуваат за општеството. И всушност тоа ги изолира. И кога немаш вредност кога си изолиран стануваш лесен за врбување” продолжи белгискиот општественик.
“Врбоввачите бараат млади луѓе кои се соочуваат со тешкотии и кои се изолирани. Работата е дека тие гледаат неправда во Ирак, во Сирија, во Авганистан и, се разбира, да видиме што се случува со муслиманите низ целиот свет. На пример тие, како и ние сите знаеме дека војната во Ирак беше војна, базирана на лага. И тие си велат “како е можно тоа да се случува”, “зошто политичарите и западните сили го прават тоа”. Тие гледаат што се случува во Палестина и всушност тоа ги лути и тие си велат “треба да направите нешто против оваа неправда”, раскажа тој.
“Младите не мислат да одат во војна или да се борат во Ирак, тие едноставно чувствуваат потреба на сторат нешто. Вербувачите ги детектираат овие млади луѓе во џамиите или главно преку интернет. И всушност тие имаат корист од лошата положба на младите и ги одведуваат далеку од нашиот град, далеку од нивните семејства “, објави Блерим Леши.
“Истражувањата покажуваат дека во Германија и Англија поголемиот дел од младите луѓе кои се приклучуваат кон терористички движења доаѓаат од многу сиромашна социјална и економска класа. Некои од нив имаат криминално минато во земјите, на пример во Белгија или Франција. Други пак имале тешко минато поврзано со дрога и др. Во Велика Британија сме сведоци на многу млади луѓе кои сакаат да се борат во Сирија и Ирак и пред да заминат тие купуваат од Amazon Куранот “, откри општественикот.
Според него тоа покажува дека муслиманската заедница исто така, носи одговорност за тоа. “Таа мора да најде начин да ги запознае многу подобро овие младинци со нивната религија, затоа што треба да можеме да разграничиме што вели исламот од крајно екстремистичките толкувања. Значи, исламското општество и родителите се одговорни да ги информираат младите”, додаде тој.
“50% од оружјето на Блискиот Исток доаѓа од Белгија. Така што има двоен дискурс, ова лицемерие. И мислам дека ако навистина сакаме да се справиме со овие проблеми треба да испратиме многу јасна порака на Саудиска Арабија и треба да го запреме извозот на оружје за Блискиот Исток “, откри Леши.
