Тензично на македонско-грчката граница со бегалците и економските мигранти

од Vladimir Zorba
129 прегледи

На македонско-грчката граница тензиите повторно стануваат опасни пренесуваат регионалните медиуми „Ќе ги враќаме назад во Грција сите мигранти, кои ќе бидат протерани на наша територија, од северните држави, изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов за “Катимерини”.Околу 1000 мигранти жестоко протесираат, и ја дигаат тензијата.24965mala

Веќе неколку  дена МВР ги спроведува одлуките   не дозволуваат мигранти од земји надвор од воените конфликти.Пропуштаат само бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан, кои влегуваат од Грција. Тензиите на границата сепак растат откако грчките власти продолжуваат , без селекција, и во зголемен број   да ги праќаат кон Македонија новите  мигранти од Иран, Пакистан, Бангладеш, Сомалија, кои се сметани за неконфликтни држави

туск

ЕУ ветува, но не пружа помош на Скопје за бегалската криза ЕУ е со вас и е подготвен да продолжи преку хуманитарна и техничка помош преку агенциите на Унијата. Подготвени сме да одвоиме уште повеќе кога имаме проценка за вашите потреби. Ова го изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на заедничката прес-конференција со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, вчера во Скопје .

Ако  сме сериозни и сакаме да го задржиме Шенген и патувањето без визи, тогаш треба да бидеме сериозни и да им помагаме на земјите на предната линија, каква што е вашата, додаде Туск. Иванов истакна дека од почетокот на годината досега во Македонијатранзит поминале половина милион мигранти и бегалци. И покрај ветувањата на Скопје не му  била укажана никаква финансиска и техничка помош од ЕУ, поврзана со бегалската и миграција криза. Иако Македонија да сакала од Унијата опрема за регистрирање на мигрантите и бегалците и за контрола на границата, не добила ништо.ивановМакедонија  потрошила само сопствени буџетски средства за справување со кризата и од почетокот на годината досега износот изнесуваат 10 милиони е вра, нагласи  Иванов.

“Чувствувам недостиг од материјален, кадровски и технички капацитет, за да одговориме на предизвиците и ризиците на националната безбедност”, е оценката на македонскиот претседател. Според Иванов откако земјите од ЕУ одлучија да го  ограничат приливот на бегалци и да категоризираат т. н. “Економски мигранти”, контролниот  премин крај Гевгелија станува густа цедилка за преминувањето на мигранти и бегалци, поради што се зголемуваат ризиците по безбедноста5A9B29CA-0D97-49F4-8A66-CAFD915C6E7B_w640_r1_s_cx0_cy5_cw0

Околу илјада економски мигранти на границата меѓу Македонија и Грција со протест го изразија нивното незадоволство откако македонските власти почнаа да одбиваат да им дозволуваат влез на оние кои немаат документи дека се од со војна зафатените Сирија, Ирак и Авганистан.Повеќето од демонстрантите се од Либија, Мароко, Сомалија и Бангладеш. Македонија воведе нови рестрикции откако Србија и Хрватска соопштија дека ќе ги враќаат мигрантите кои не се од Сирија, Ирак и Авганистан. Во меѓувреме македонскиот претседател Георге Иванов по средбата во Скопје со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека постоела голема опасност од избувнување судири меѓу самите бегалци, но и меѓу бегалците и силите за безбедност.