И додека лидерот на владеачката ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, оди по сокачиња и решава комунални проблеми, до вчера игнорираниот претседател Ѓорѓи Иванов , со серија клучни средби на највисоко ниво влегува во европската и светска политика. Тој денеска е во дводневна посета во Брисел, а утре на средба со првиот човек на НАТО Столтенберг

Претседателот Ѓорге Иванов, и официјално од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел.
Денеска Иванов ќе оствари средба со првиот потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс, а утре ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов со неговите соговорници во Брисел ќе биде интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и во НАТО, како и актуелните состојби поврзани со мигрантската и бегалската криза“, соопштуваат од претседателскиот кабинет.
Како што неофицијално се дознава, конкретно ќе биде разговарано за новонастанатата сотостојби на нашата јужна граница со бегалската криза, во контекст на последиците на клучното прашање – одлагањето на приемот на Македонја во НАТО и дистанцирањето наместо приближувањето на Македонија кон Унијата, задскривајќи се зад „проблемот“ на Грција со името.