Женката Нола, еден од само четирите преостанати северни бели носорози во светот, угина вчера во зоолошката градина во Сан Диего, кој беше нејзин дом од 1989 година.

Родена пред 1941 година во Судан, Нола подлегнала на бактериска инфекција и покрај грижливата нега на ветеринарите кои деноноќно ја следеа во последните десетина дена.
Ова е втор носорог кој во зоолошката градина во Сан Диего почина за кратко време. Во 2014 од рак угина мажјакот Ангалифа.
Нола беше последниот северен бел носорог во заточеништво. Последните три единки од овој африкански вид, кој некогаш во голем број се населуваа во сахарската област и Источна АФрика, живеат во природни резервати во Ол Пејета и Кенија.
Црниот носорог, кој некогаш беше најчест во Африка, исто така е на ивица да биде истребен.
Овие животни се убиваат поради наводни афродизијачка и исцелителска моќ на прав кој се прави од нивните рогови.