Наследникот на британската круна принцот Чарлс наведе во интервју дека неуспехот за справување со климатските промени е причина за граѓанската војна во Сирија, тероризмот и последователната бегалска криза што ја зафати Европа.

Наследникот на британскиот престол ќе одржи говор на отворањето на светската средба на врвот за климата во Париз наредната недела, кога 118 лидери ќе се соберат, за да се постигнат договор за ограничување зголемувањето на емисиите на стакленички гасови. Принцот изјави во интервју за Sky News, направено пред нападите од 13-ти ноември во Париз дека ваквите симптоми се “класичен случај на несправaње со проблемот”, пренесоа агенциите.
“Некои од нас велеа пред околу 20 година, дека ако не го решиме ова прашање, ќе видиме уште поголем конфликт за оскудните ресурси и сé поголеми тешкотии поради сушата, и акумулаците како ефект на климатските промени, што значи дека луѓето треба да се движат “, рече тој. “И всушност има многу сериозни докази дека една од главните причини за овој ужас во Сирија, колку и да е чудно, беше суша, која траеше околу пет или шест години, што значи дека огромен број луѓе на крајот мораше да ја напуштат покраината и голем дел од нив дојдоа во градовите. ” Британското кралско семејство се очекува да остане надвор од политиката, а 67-годишниот принц се соочува со обвиненија за интервенција во минатото, кога зборува за климатските промени и влијанието врз одржливиот развој. Во интервјуто, кое Sky News кое е снимено пред три недели, на прашањето дали има директна врска меѓу климатските промени, конфликтот и тероризмот, принцот Чарлс одговара: “Апсолутно”. Тој додава дека поголеми проблеми ќе претстојат, ако кон климатските промени веднаш нема пристапи со големо внимание. Дури и во време на финасисиката реорганизација светот не може да си дозволи да не прави ништо. И дава како пример финансискиот крах од 2008 година, кој се дефинира само како банкарска криза. “Но сега сме соочени со реалната можност да банкротира банката на природата”