Груевски и Ставревски се “пишманија”- еврообврзницата намалена од 500 на 270 милиони евра

од desk3
123 прегледи

Министерството за финансии ја промени одлуката за задолжување и драстично ја намали првичната сума.

evroobvrznica

Македонија преку издавање еврообврзница побара 270 милиони евра на меѓународниот финансиски пазар, далеку помалку од 500 милиони колку што првично беше најавено.

Пад на девизните резерви од 100 милиони евра на квартална основа

Според првичните информации станува збор за пет годишна еврообврзница.

Одлуката за намалување на сумата за задолжување е објавена во Службен весник.

Со оглед на оваа промена, заемот ќе се искористи главно за враќање на старите надворешни и внатрешни задолжувања.

Имено, за околу две недели доспеваат обврски во висина од 150 милиони евра од еврообврзницата издадена во 2005 година, додека останатите 100 милиони ќе бидат потребни за раздолжување со домашните кредитори.