Времено одземени лиценците на гевгелиските анестезиолози

од desk3
114 прегледи

На денешната седница Комисија за етички и правни прашања при Лекарската Комора на Македонија донесе одлука за времено одземање на лиценцата за работа на д-р Томчо Ванчев, специјалист анестезиолог и д-р Зоран Јовановски, специјалист анестезиолог, вработени во ЈЗУ Општа болница – Гевгелија, се до донесување на правосилна судска одлука- соопшти денеска лекарската комора

lekarska-komora

“Одлуката е донесена врз основа на дополнително доставената документација: Извештајот од извршениот стручен надзор од страна на комисијата формирана од Министерството за здравство, како и Известувањето за резултатите од анализата на алкохол во примероци крв од Министерството за внатрешни работи”- стои во соопштението.

Влошена здравствената состојба на мигрантите што си ги сошија усните

Временото одземање на лиценците за работа на докторите е по основ на повреда на позитивните законски прописи и одредбите на Кодексот на медицинската деонтологија.