Вечер и утре обилни дождови, на планините повремен снег

од Vladimir Zorba
190 прегледи

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно со повремен локален дожд, пообилни врнежи ќе има во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Kiša Vreme Vremenska prognoza Profimedia (1)_1000x0

ВРЕМЕТО УТРЕ

Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот кои ќе предизвикаат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини со повремен снег. Утре ќе има пообилни врнежи во северозападниот дел на земјава, а в среда на повеќе места, кога се очекува да наврнат и над 40 л/м2 воден талог.

Слични содржини