Групата “Исламска држава” ја прошири листата на земјите сo кои има намера да ги нападне во својата војна против светот.

Џихадистите пуштија на интернет ново пропагандно видео. Загрижени пораки се појавија во медиумите на голем број држави, кои за прв пат го гледаат знамето и името во сличен контекст, како што се Малта и Тајван. Љубопитен факт е дека во видеото се прикажани знамињата на сите држави на Балканот , како што се : Грција, Македонија, Србија, Романија, Косово, Хрватска, Словенија, па Молдавија, Чешка … но ја нема Бугарија, Во пропагандниот клип направен професионално, на совршен англиски се истакнува величината на калифатот и борците и како што се вели дека “постои коалиција од демони, во која се Иран, Турција и Русија “.
Главното место го заземаат и големите сили како САД, Велика Британија, Франција, Германија. Заканите се придружени со задолжителното: “Ние се молиме само пред Алах …”
“Америка, ти тврдиш дека ја поседувате најдобрата армија. Таа може да е голема како бројност и вооружување, но твоите војници ја немаат волјата и решеноста и сеуште се плашат од поразите во Авганистан и Ирак “, најавуваат од” Исламска држава “.
Во видеото се гледаат знамињата на следниве земји кон кои е упатена заканата на џихадисти: Австралија, Бахреин, Албанија, Данска, Белгија, Кина, Хрватска, Австрија, Египет, Чешка, Грција, Канада, Естонија, Франција, Финска, Ирак, Јордан, Германија, Ирска, Унгарија, Холандија, Нов Зеланд, Романија , Либан, Косово, Јужна Кореја, Кувајт, Израел, Иран, Италија, Јапонија, Катар, Луксембург, Шведска, Русија, Норвешка, Саудиска Арабија, Сирија, Словачка, Швајцарија, Литванија, Македонија, Босна и Херцеговина, Тајван, САД, Велика Британија , Обединети Арапски Емирати, Шпанија, Турција, Оман, Украина, Тунис, Србија, Словенија, Полска, Португалија, Индонезија, Молдавија, Мексико, Малта.
Американскиот Стејт департмент предупреди пред еден ден дека имаат информации кои сведочат дека групите “Исламска држава”, “Ал Каеда”, “Боко Харам” и други како и пред тоа планираат терористички напади во различни региони низ целиот свет