Поранешниот премиер Иво Санадер, првиот ден по излегувањето од притворската единица во Реметинац каде помина три години, се сретнал со лидерот на ХДЗ Томислав Карамарко, а имал разговор и со Генералниот секретар на ХНС Сречко Ференчак.
Двете средби се случиле во загребскиот хотел Шеретон, а и Ференчак и Карамарко велат дека со Санадер се сретнале случајно и дека од пристојност се поздравиле.
-„Вистина е дека господин Карамарко при влезот во Пијано барот во Шеретон случајно се сретна со Иво Санадет кој седеше на маса во друштво со адвокатот и секретарот на ХНС. Пристојно ги поздрави и продолжи понатаму по својот пар“, одговорија од ХДЗ.
Сречко Ференчак вели дека Санадер случајно го сретнал додека во хотелот седеше со својот адвокат и само го поздравил.
-„Го познавам човекот скоро 20 години. Мене родителите ме учеа дека тоа е пристојно.“, вели Ференчак.