Ванхауте во обид да ги смири “страстите за медиумите”- имало напредок

од desk3
119 прегледи

По последните протести на новинарите, денеска преку соопштение се огласи оолеснувачот во преговорите, Питер Ванхауте. Како што стои во соопштението постои прогрес во преговорите за медиуми.

vanhoute
„Политичките партии ги земаат во предвид сите предлози од консултациите со различните засегнати страни при процесот на постигнување договор. Дополнително, од самиот почеток на преговорите за медиумите, посредувачот Ванхауте редовно остварува консултативни средби со засегнатите страни каде тие ги изнесуваат нивните позиции и ставови, со цел законската рамка да ги рефлектира не само препораките на Европската Комисија, Советот на Европа и ОБСЕ/ОДИХР, туку и барањата на новинарите, здруженијата, синдикатот и сите останати засегнати страни.

СДСМ и ЗНМ во вербална војна околу преговорите за медиумите

Одржувањето на преговорите ја следи методологија и динамиката воспоставена уште на самиот почеток. Политичката работна група се среќава секојдневно, се дискутира на една тема се додека не се постигне договор, а потоа се преминува на дискутирање на следна тема“, информираа од таму.

Според соопштението , работната група денес ќе дискутира за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поконкретно за улогата и функционирањето на Агенцијата.