За медиумите натаму од понеделник, за изборите од април

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Како и со другите точки на договорот од Пржино застанаа и преговорите за медиумите. Партиите не се согласија како ќе работи Агенцијата за медиуми и составот на советот на МРТВ. Власта и опозицијата не ги доближија ставовите. Во меѓувреме пропагандата на државните и приватните медиуми си тече. Губи и натаму само опозицијата која влезе во машинеријата на власта и сега теренот пак е угоре за опозицијата удоле за власта. Дилема е колку преговара а колку обезбедува преговори,  каде  отиде стартот и што е сега текот и што ќе биде крајот на договорот од Пржино .

klub_na_pratenici_nokjni_0

Вчера беше последниот рок до кога партиите требаше да се договорат за реформите во медиумите. Првиот рок, кој беше 20-ти ноември е пробиен.Вториот исто така, и веројатно на крајот ќе се добие трипер варијанта  која секако ќе мора да биде компромис на двата претходни компромиси сосе договарањето и компромисите во првиот момент во Пржино.

Ван Хојте не е маѓионичар , па така во текот на вчерашниот ден , понуди надеж односно  соопштение, па  напиша дека преговорите напредуваат и дека партиите ги земаат предвид сите предлози што ги дадоа новинарските здруженија, синдикатот и новинарите. А тие брифираат пак дека  само шминкаат и кој знае дали и читаат.  И нормално натаму си молчи и Хојте  и не даде објаснување во што е напредокот во формата или суштината.

Преодни решенија  па потоа и системски, е глупост. Или има или нема решение. Не ја разбирам паниката  со роковите  вадењето со времето кога се е пробиено !?

Прво сега е моментот темелно да се разгледа  и утврди добитната комбинација, има практики само треба воља да се применат. Само трајни решенија се вистински решенија и тоа е ставот на медиумската заедница и веројатно  тоа е тоа што партиите не прифаќаат да ги седнат новинарите и експертите на преговарачка маса, демек ќе им го трошеле времето а тие ќе биле побрзи, ама демек ќе не известувале што праеле. Па ние гледаме што тие направија и што може  друго до прават !

Второ, времените решенија немаат време за ефекти, датумот на изборите е преблиску освен ако на крајот на денот не биде одложен од меѓународните ,нели, водичи низ преговарачкиот процес за да се исполни суштината на договорот од Пржино – фер пристап,  фер предизборие и регулатива , фер изборен ден и  фер победа !

Од сите овие фер сеуште нема ништо, нема ниту време,  и затоа треба  влечеле едните- другите или не , оваа време да се троши за системски решенија а не да се паничи за брзање за изборите.

Во сите наслови фер решенија за европска Македонија, преговори и договор ,како што коментираат странците ќе мора да се придодаде уште и фер датум за изборите. Но тоа веројатно, ако оди вака ,  ќе го соопштат подоцна.

А за медиумите? Да,  разговорите најверојатно ќе продолжат како и со диетите Од понеделник !

Ад