Фобиите се патолошки, ирационален и силен страв кон специфичен објект, определена дејност или специјална околност. Дали сте знаеле дека се познати над 1.000 видови фобии? Кој е вашиот страв според зодијачкиот знак, видете во следните редови.
Овен
Овенот е најактивен од сите знаци во зодијакот. Родените под овој хороскопски знак се амбициозни и секогаш се стремат да го завршат започнатото до крај. За нив е незамисливо да пропаднат, можеби затоа што голем дел од нив страдаат од ателофобија – стравот да не направиш нешто правилно или страв дека не си доволно добар.
Бик
Бикот можеби е најлетаргичен од сите хороскопски знаци. Тој ги сака удобноста, луксузот, но не и промените. Затоа голем дел од родените во знакот на зодијачкиот знак страдаат од метатесиофобија или страв од промена.

Фото: istock
Близнаци
Тие се често нерешителни и понекогаш непостојани. Кога мораат да донесат каква било одлука за родените во знакот на Близнаци настапува вистински ужас и конфузија. Затоа може да се каже дека тие страдаат од десидофобија – страв од донесување одлуки. Но, не само тоа. Мислата дека ќе останат сами исто ги става во графата на оние кои имаат еремофобија – страв од осаменост.
Рак
Ако има нешто на што Раковите внимаваат многу, тоа е домот и семејството. Бидејќи за нив “Мојот дом е мојот замок” важи со полна сила, тие имаат тенденција да патат од агорафобија – страв од отворени простори кои се јавни места, или страв од напуштање на безбедно место.
Лав
Лавот сака да е центарот на вниманието, опкружен со светла, да добива пофалби. Во повеќето случаи родените под овој хороскопски знак се реализираат успешно во животот. Но, силата која ги води напред се нарекува атикифобија – страв од неуспех.
Девица
Збунетоста е вистински кошмар за секој еден од чистите и уредни Деви. Родените под овој Хороскопски знак сакаат да воведат ред не само во домот, но и во кариерата, социјалниот живот. Затоа, ако страдаат од некоја фобија тогаш таа би била атаксофобија- страв од мензи и безредие.

Фото: istock
Вага
Вагите се склони многу на партнерства и на тоа да се секогаш во друштво на пријатели, саканиот. Затоа тие страдаат од изолофобија – стравот од осаменост и изолација.
Шкорпија
Емоционалните Скорпиони се еден од најтемните, но чувствителни карактери, подложни на висока анксиозност, опсесии. Претставниците на овој знак страдаат најчесто од катагелофобија- страв да бидеш исмеан.
Стрелец
Хороскопскиот знак е ретко предмет на контрола, бидејќи има многу на слобода. Стрелците не сакаат да ги следат правилата, а во младоста ретко преземат одговорности. Затоа фобијата, која може да биде поврзана со нивниот знак е хипенгиофобија – страв од одговорност.
Јарец
Родените во знакот на Јарец се дисциплинирани и интроспективни. Ја скаат удобноста и безбедноста во домот и канцеларијата и не им се допаѓаат промените. Фобии од кои најчесто страдаат се агорафобија – страв од напуштање на безбедно место, страв од отворени простори, како и коулрофобија- страв од кловнови.
Водолија
Родените во знакот на Водолија страдаат од различни стравови. Најчесто тие се поврзани со страв од неуспех во работата, но и страв од склучување на брак или кажано накратко страдаат од ергофобија и гамофобија.
Риби
Рибите се најголемите сонувачи во зодијакот. Иако често постигнуваат успеси во животот, тие се соочуваат вистински ужас, кога треба да зборуваат пред публика или страдаат од глософобија.