Терористот Абделхамид Абауд кој според француските тајни служби е клучна фигура во организацијата на терористичките напади во Париз, имал тесни контакти со германски исламисти.

Тие влегувале во составот на т.н. Лобергска бригада, пишува “Шпигел”, цитиран од агенциите. Многу од членовите на Лобергска бригада во 2013 година заминаа во Сирија да војуваат на страната на “Исламска држава”. Лоберг е област во град Динслакен, во западниот дел на Германија. Според податоци на полицијата над 20 млади луѓе од Лоберг кој локалните власти го нарекоа “појава на салафитското движење”, и се вклучија во редовите на “Исламска држава”. Според “Шпигел” во пролетта на 2014 година Абауд и неговите соработници живееле кратко во една куќа со некои од членовите на оваа бригада во Азаз, во северниот дел на Сирија.
Во меѓувреме, министерот за правда на Германија Мас изјави дека “во моментот не е утврдена поврзаност помеѓу Германија и терористичките напади во Париз”. При сето тоа силите на редот многу внимателно ги проверуваат сите информации со кои располагаат во овој линија, изјави во интервју за весникот. “Велт”. Во моментов се води претходна истрага за близу 200 лица во врска со конфликтите во Сирија и Ирак, додаде Мас. “Германија е потенцијална цел на терористите”, истакна министерот за правда на земјата