За војниците на граница нема дневници, спијат во подруми…

од desk3
103 прегледи

Нема дневници за професионалните војници ангажирани на македонско-грчкиот појас. Исплатата не е редовна а кај дел од ангажираните доцни и по четири месеци, обвинуваат војниците-јави ТВ 24 вести. Министерството за одбрана пак го тврди спротивното, неодамна во дописот до 24 вести велат дека тие редовно се исплаќаат.

vojska-granica-izbeglice-migranti-ap-1442225561-740215

На граничниот појас ангажирани се околу 100 професионални војници кои заедно со полицајците го обезбедуваат преминот од бранот мигранти. Некогаш дежураат и по една недела непрекинато а покрај нередовната исплата велат и условите за работа се никакви, сместени во подруми без вода и струја.

Иако на терен со исти работни задачи како полицијата војниците се жалат дека нивната дневница изнесува 610 денари и е половина од полициската и не се исплаќа редовно. Револтирани се на премиерот Никола Груевски кој по случувањата во Куманово најави поголеми плати за униформираните припадници на МВР и безбедносните сили, сепак професионалните војници не се во оваа категорија.

СДСМ: За два „телевизора“ Груевски потрошил 900.000 евра од буџетот

Меѓу постоечките проблеми со недоволно храна и греење во касарните како и недоволно количество вода во касарната во Петровец каде постоечката е неисправна за пиење, војниците се соочуваат и со неисправни возила и искинати униформи и обувки. Од министерството велат дека тековно ги решаваат проблемите кај професионалните војници но не кажуваат зошто досега не се решени оние кои се повторуваат секоја година.

ТВ 24 вести