Како Хрватска ја продаде иднината на своите деца

од Vladimir Zorba
82 прегледи

 

 

Родител сте? Верувам дека ќе се согласиме дека да се биде родител е една од најубавите работи во животот. Да го гледаш како мало бебе кое дошло од породилиште, а потоа како расте, учи, како го гледа светот со љубопитни очиња, како создава, учи и како станува субјект во тој свет. Станува некој кој не само што вашите гени ќе ги пренесе во иднината, туку и некој кој ќе го гради тој нов свет во 21 век, време кога оваа Планета стана помала и поповрзана од кога било.

14072012124927ghrvatska

Интересно е да се живее во ова време, наспроти црните хроники и вестите за војните, всушност ги има помалку од кога било . Автомобили возат сами, за астрономијата на неделно ниво дознаваме за нешта за кои порано ни требале векови, човештвото гледа како да прати први луѓе на Марс. Впрочем, еве ова лето добивме и фотографии од Плутон со висока резолуција, планета која до пред некој месец со најголемиот телескоп изгледаше само како неколку пиксели на екранот. Од тие неколку пиксели до многу фотографии и податоци, се во временски период од еден годишен одмор. Франција гради фузиски реактор. На праг сме на време кога човештвото ќе располага со многу ресурси, повеќе од кога било.

Каде го гледате вашето дете за 50 години?

Каде го гледате тој ваш јуниор или јуниорка, кој овие денови е во градинка или во основно училиште? Каде своето дете можете да го замислите за 20 или дури за 50 години? Инженер? Некој кој праќа летала на други светови? Некој кој управува со цела автоматизирана фабрика? Некој кој програмира автомобили кои возат сами? Некој кој благодарение на се подобриот превоз произведува одлични колачи од состојки од половина свет? Некој кој е глумец, сликар? Судија во Европскиот суд?

За разлика од вас, знаете како Република Хрватска го гледа вашето дете: како помошен работник. mornavojkhinaindКако некој кој, веќе длабоко побелен, за ситни пари продава хамбургери. Како тој кој лопата тоа што роботот нема да успее да го ископа. Како сезонски келнер кој преку зима прима социјална помош. Или како вечен невработен со одамна заборавени знаења. Или како некој кој еден ден во пензија и самиот ќе гладува, бидејќи за живот нема да успее ништо да заштеди.

Хрватскиот образовен систем дури и официјално ги тера вашите деца да станат лузери. Со цел другите, кои успешно се реформирале и кои токму сега се реформираат, да ги прескокнат (бидејќи прва Африка на големо гази напред, за Далечниот исток нема да зборуваме колку многу направија!). Хрватска забрзано, со полна брзина и сите сили работи на тоа идните генерации на Хрватска буквално да станат помошни работници.

За информатика, се нема пари

Во наредните 20 години многу занимања ќе исчезнат и многу нови ќе се родат. Се лажете ако мислите дека некој кој денес со 30 години работи на каса во супермаркет дека тука ќе ја дочека пензијата. Онлајн трговијата и самонаплатните каси се зад аголот. Ако сакаме да го реформираме земјоделството, ни требаат некаде половина помалку селани од сега. Многу едноставните занимања од типот таксист, ќе исчезнат, како што исчезнаа кондуктерите во градските автобуси. Ќе ги заменат роботи.

Се раѓаат и ќе се родат нови занимања, главно поврзани за информации, информатика, телематика, мехатроника, роботика и сродни занимања. Нема сите да бидат програмери, далеку од тоа, но работите поврзани за технологијата ќе бидат се повеќе. И што тогаш Хрватска прави во исчекување на таков свет? Ништо. Се работи се, училуштата да останат какви што биле! Се работи се да не се реформираат, се работи се за случајно да не се покаже како за некои струки има премногу наставници, а за некои премалку. Се купува сегашноста на паразитите на сметка на иднината на нашите деца.

Така министерот Ведран Морнар вели дека Хрватска се уште нема пари потребни информатиката да стане задолжителен предмет во основните училишта, но дека до 2022 година преку проектот е-Училиште, ќе се инвестираат 180 милиони евра, за 50 отсто хрватски училишта да станат „дигитално зрели‟.

„Состојбата моментално не е добра. Што се однесува до информатичката технологија, последната опрема од буџетот е купена во 2008 година. Преку овој проект е-Училишта, ќе се обидеме бројот на училиштата опремени со дигитална технологија значително да се зголеми. До 2022 година ќе инвестираме 180 милиони евра и со тоа ќе се обидеме барем 50 отсто училишта да ги направиме дигитално зрели, а тоа значи настава со помош на технологијата, работење, хардвери, софтвери и содржини‟ – рече Морнар.

Поопширно

Министерот, познат дека во својот мандат успеа да најде време за да ги посети сите можни црковни лица, па да ја посети и Самсунг, но не успеа со покренување на преку потребното граѓанско воспитување (кое за разлика од здравствениот, беше подготвен минатата есен) и општо за неговиот мандат не видовме реформи; туку вели ете може нешто да се успее до 2022 година! Година до која ќе поминат уште две Влади и седум генерации деца!

Посебно е забележливо она министеровото – „До 2022 година ќе инвестираме 180 милиони евра…‟. Кој ќе инвестира? Па Ведран Морнар е технички министер на Влада во заминување, не мисли веројатно дека ќе раководи со министерството уште два мандата? Неговиот министерски мандат е изум на Зоран Милановиќ и едно од дефинитивно промашените кадри. Морнар добро внимаваше за својот мандат да не се замери со никого. И токму во тоа е проблемот. Во министрите кои се менуваат, а со никого не сакаат да се замерат. Би шефувале, а работите ги оставаат такви какви што се.

Знаете зошто нема информатика?

Ако мислите дека училиштата се тука заради децата, многу се лажете. Училиштата се тука за наставниците и службениците. Бидејќи во Хрватска никој не се осмелува да каже дека потребите на децата се пред потребите на наставниците и службениците. Никој не се осмелува да каже дека да се учат децата на роботика повеќе вреди од едно брдо застарени лектири со кои и така денешните генерации не можат да се поистоветат. Никој не се осмелува да каже дека стотици наставници се вишок по општествените предмети, а нема наставници по технолошки предмети. И затоа уредно ќе продолжат по старо. Ќе ги учат децата утре да седат на бирото за вработување. Ќе ги учат децата да знаат податоци на памет, а за корелации да немаат поима. Ќе ги учат децата да бидат во политичка смисла борговски работници, а не самостојни поединци.

Хрватската политика се згрозува од падот на наталитетот, не затоа што не има помалку, туку затоа што повеќе не можат да оправдаат толку кадри во училиштата, кои се верни гласачи. Хрватската политика се згрозува на промената на училишните програми, бидејќи тоа значи дека некои наставници станале непотребни, а некои други ги нема. Хрватската политика се згрозува на талентираните деца, бидејќи утре тие ќе станат независни интелектуалци кои ќе газат по таа политика. Затоа програмите за талентираните деца од типот на тие во Звјездарница и Вишањ први „излетаа‟ од финансирање. Не затоа што нема пари, туку поради стравот кај политичката елита.

Хрватска не сака некои идни нобеловци кои би делеле совети на политичките лидери. Сака такви кои ќе бидат среќни странците да лепат плакати за секаков мал проблем. Хрватската политика сака училишта од каде излегуваат работници, необразовани и некритички луѓе кои ќе вршат помошни работи, бидејќи тоа токму значи животот на оваа и ваквата политика.

Хрватската политика уште дополнително ја сака уравниловката, па се згрозува на фактот дека наставниците по информатика треба да се платат повеќе од другите (бидејќи нив едноставно ги нема), што би значело и судир со синдикатите, што хрватската политика ја оптоварува и ја нервира.

Информатиката е далку повеќе од програмирање. Информатиката учи корелации, меѓуделувања, системи, информатиката учи анализи на информации, информатиката учи на пребарување на информации. Под „информатика тука ја сметаме и роботиката – бидејќи веќе во основно училиште треба да се учи составување на роботи. Тоа е иднината. Кој ќе го знае тоа, ќе биде баран и добро платен. Кој ќе инвестира во роботиката, инвестира во иднината на своите деца и на самиот себе, бидејќи некој ќе мора да ја плаќа пензијата. Кој нема да го прави тоа, а Хрватска не го прави, нека се снаоѓа со трошките од глобалната маса‟.

Зарем навистина мислите дека оваа и ваква политика која владее во Хрватска, сака вашите деца да стекнат такви знаења? Информатиката, роботиката, корелацијата, па дури и да го знаат основното, да прогуглаат кој политичар што зборувал пред десет години? Вашите деца ако ги стекнат тие знаења – 90 отсто од сегашните хрватски политичари, и од власта и од опозицијата би биле со вили истерани од своите кабинети и фотељи, во стил на селанска буна.

Ова погоре наведеното се причини зошто нема информатика во училиштата, а не немање на пари. Секој кој ќе ви спомне немање на пари за образованието, лаже. Едноставно лаже. Државниот буџет е полн со пари, но тоа е работа на приоритет. Во Хрватска децата се последен приоритет, бидејќи не гласаат. Паразитите немаат ништо од нив. Не верувате? Ајде да дадеме примери.

Државниот буџет

Државниот буџет е единствена права вистина на државата. Значи, за иднината на децата за информатиката, нема пари, барем така вели министерот. Но има точно 674.800.134 куни само оваа година за помош на општините, градовите и жупаниите, кои не можат сами да се финансираат. Вклучително и тие кои се обиделе да порачаат Superb 4Х4 трозонска клима. За тоа се има. Се имаат и 55 милиони куни секоја година за поддршка на политичките партии, никој од тоа не сака да се откаже. Кабинетот за здруженијата троши 110.164.095 куни годишно (зошто здруженијата не би можеле сами, тоа не е во основа на доброволно организирање?).

Стручната служба Советот за национални малцинства е 37.174.010 куни. Не би можеле малцинствата малку на свој трошок? Хрватската академија на науките и уметностите – 64.022.500 куни. Што корисно па од нив добиваме? Не би било згодно да ја заборавиме ставката: Меѓународниот договор – Светата столица и РХ 295.330.800 куни. Плус дополнително нешто што се вика – Долг според договор – 60.000.000 куни.

Само оваа година.

А ако не сте знаеле – да се биде Србин, Италијанец, Унгарец или Ром може да значи и националност, но и професија, па така имаме:

Српски народен совет – 7.500.000 куни

Ромски национален совет – 3.000.000 куни

Сојуз на Унгарски здруженија – 2.700.000 куни

Италијанска унија – 2.000.000 куни

Нека цветаат 1000 цветови, но зошто малцинствата мора да бидат на сметка на Државниот буџет?

Накусо, за веронаука се има, за екипата во ХАЗ која многу внимава нашите најдобри научници да не дојдат таму, се има, за малцинствата се има, за здруженијата се има, но за децата и информатизација се нема.

Децата се иднина која хрватските политичари не ја гледаат

Цели генерации хрватски деца со лоши образовни програми, кои не го вклучуваат она што во овој свет денес се бара и плаќа, ќе бидат турнати на маргините на глобалното општество. Ќе бидат турнати на помошни работни места кои ќе бидат уште послабо платени од денес, бидејќи ќе бидат се помалку, а конкуренцијата на нешколуваните но бараните за било каква работа ќе биде се поголема.

Зошто се случува ова? Зошто децата во Хрватска не се приоритет. Тие не гласаат. Тие не донесуваат собраниски фотељи и поддршки за малцинствата.

Децата се иднина, а во Хрватска политичарите не ја гледаат иднината поделеку од четири години, до наредните избори. Дури, новиот свет, многу хрватски политичари не го разбираат, промените се толку големи и толку брзи, а Хрватите од обичен работник до универзитетски професор, чест на исклучоците, се борат за светот од минатото кој никогаш нема да се врати. Не верувате? Прашајте го првиот на улица кој ќе спомне дека „некогаш сме имале фабрики‟, за тоа што мисли колку роботи требаат на такви фабрики. Прашајте земјоделец од кој сателит добива податоци за тоа што му треба на неговото поле. Ќе ве гледа многу чудно. А ние живееме во токму тој век. И токму така денес се работи во државите кон чиј стандард се стремиме.

Во меѓувреме, знаете ли како прават другите? Во САД заклучија дека поради зачестените метеоролошки неприлики кои ги прекинуваат комуникациите на врските, им требаат радио аматери. Дополнително и дека премногу деца се запишуваат на општествени занимања и дека треба да ги запишуваат на технички занимања. Што направија?

Пратија радиоаматери во училиштата и скаутските кампови, за да ја покажат на децата комуникацијата без интернет и уште ја вклучија и Меѓународната вселенска станица во програмата. Па малите деца се јавуваат на астронаутите, разговараат и попатно учат комуникации, физика и се друго потребно за врски со Станицата која се врти во вселената. Резултат: огромен раст на занимања за технологијата, раст на бројот на радиоаматери и секако раст на занимања за технолошки студии. За тоа им требаа само неколку години! А кај нас, поминуваат генерации, за да се направи некаква полуреформа.

Оправдание за неработењето

Поради тоа, кога министер зборува за тоа дека нема да има информатика во училиштата, зборува за неработење и негрижа. Со своето неработење, неработењето на својот сектор и општо за ставот на хрватската политика, не ни е гајле! Бидејќи политиката за гласови ќе даде на сите: на предвремените пензионери, на црквата, малцинствата, здруженијата, на било кого кој ќе донесе барем еден единствен глас на изборите. Хрватската политика не размислува поинаку и затоа децата и нивната иднина не се вклопуваат во визијата на Хрватска каква што ја имаат политичките елити. Буџетот не ги разбира потребите кои не се потреби на политичките паразити. Политиката не ги разбира реформите кои не донесуваат гласови истата година, дури се згрозува од реформи во образованието бидејќи донесуваат проблеми.

Во целиот тој калеидоскоп на безмилосно трошење на државни пари во кое учествуваат политиката, црквата, здруженијата, малцинствата, беспотребните општини и градови, сечиј нечиј брат, тука за децата место нема. Тука место за иднината нема. Тука место за новите генерации нема. Тука во тоа лудачко трошење на позајмени пари, тука информатика нема и нема да ја има. Бидејќи на оваа и ваква Хрватска, длабоко загазена во криминал и корупција, не и требаат нови генерации, дури судбината на новите генерации ќе биде со тешка работа како сезонци во туризмот (бидејќи друго нема да преостане) да ги враќаат долговите од денешните задолжувања.

Кога веќе државата не сака, активирајте се сами

Што да ве советувам на крај? Бидете со своите деца, купувајте им книги и едукативни играчки, учете ги на законите на природата, технологија и јазици, направете луѓе од нив, горди и способни, наспроти овој образовен систем! Купувајте роботи на составување и нека научат да користат лемилица! Нека научат да составуваат електронички компоненти, нека знаат што се сензори, серво-мотори, нека знаат што треба за да се отиде во вселената и како робот-правосмукалка го наоѓа патот во станот. Не дозволувајте хрватскиот образовен систем да ги направи пасивни гледачи и луѓе кои ќе сонуваат утре да влезат во државна служба, бидејќи алтернативата ќе биде – сезонски помошен работник.

А за политичката елита не грижете се, тие своите деца ќе ги пратат надвор на школување. Некој со вас и треба да владее во иднина.

Индекс – Загреб