Има многу убави туристички дестинации во светот, на кои сепак можете да уживате најмногу, ако има како да ги погледнете од небото.
Само тие пејзажи, создадени од мајката природа, се неколку пати повеличествени, видени од птичја перспектива.
За жал туристите ретко можат да ги видат овие прекрасни слики од планетата Земја, бидејќи обично ги разгледуваат од земјата, а не од воздухот.
На таква епска слика можете да уживате во Сан Хуан де Гастелугаче во Шпанија. Ова место се наоѓа во Баскија и е сметано за неверојатен духовен локалитет.
Гламурозниот мал остров Гастелугаче е лоциран во Бискајскиот залив на границата на шпанското крајбрежје. Се наоѓа во близина на градовите Баки и Бермео.
На врвот на островот има мала црква, која е посветена на Јован Крстител. Таа е изградена во 10-тиот или 9-ти век од витешкиот ред Темплари.
Островот е поврзан со брегот преку тесен Камен мост, сличен на бастион (крепосни ѕидови), како и со величествени скали од над 230 скалила, која пакги водат туристите до црквата.
Видете уште такви неверојатни места во светот, чија убавина е видлива од воздухот во галеријата.