Роберт Фицо: Време е Грција да се исклучи од Шенген зоната

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека треба да се почне да се разговара за тоа Грција да ја напушти Шенген зоната.grcija zname dupka

Како што објавија грчките медиуми, Фицо ова го изјавил вчера пред словачки новинари во авионот на пат кон Брисел, каде се одржа Самитот ЕУ – Турција.

– Верувам дека дојде време да ја исклучиме Грција од Шенген зоната. Грција едноставно не и припаѓа на Шенген зоната, бидејќи не е способна да ги заштити шенгенските граници, рекол Фицо.

Словачкиот премиер, како што јави дописникот на МИА од Атина, додал дека „сите во Европа неформално се убедени дека Грција не припаѓа во Шенген“, што, според него, е „само прашање на време“