САД ги засили нападите на инфраструктурни објекти на Исламската држава, при што за еден месец онеспособи 43 проценти од каналите преку кои обезбедува приходи, посебно од нафта.

-„Последните неколку недели, благодарение на подобрите разузнавачки податоци и увид во операциите на ИСИС; ги интензивиравме воздушните напади на нафтени извори под нивна контрола, кои претставуваат столб за нивната финансиска инфраструктура. Уништени се 400 цистерни со нафта, во голема мера смалувајќи ги нивните дневни приходи“, рече министерот за одбрана Еш Картер.
Моментално во Ирак има 3500 американски војници,а американскиот претседател Барак Обама претходно најави дека во Сирија ќе бидат испратени 50 припадници на силите за специјални операции.