(ВИДЕО) Утре ќе штрајкуваат судските службеници

од desk3
86 прегледи

Судските службеници од сите судови во Македонија, утре од 10,30 до 12,30 ќе излезат на предупредувачки штрајк-пренесува А1он. Како што информираат од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и од Здружението на судската администрација, на штрајк излегуваат откако без ефект останале нивните барања до Министерството за правда да се измени Законот за судска служба. Штрајкот е предупредувачки, ќе трае два часа.

– Ние како синдикат, социјален партнер при донесувањето на овој закон, воопшто не бевме информирани, ниту учествувавме во работните групи за подготовка на овој закон. Од моментот на неговото донесување поднесуваме забалешки, организиравме работни средби со Министерството за правда, организиравме и протестен штрајк на 1 мај кој се однесуваше на законот за судска служба. Но нашите предупредувања не беа земени предвид и овој закон останува каков што беше кога се донесе. Незадоволството кај судските службеници е навистина големо и немавме друг избор освен да го организираме овој предупредувачки штрајк заедно со Здружението на судска администрација, вели Трпе Дејановски, генерален секретар на УПОЗ.

Повеќе ТУКА