Ако се прашувате како би изгледала најчудната и истовремено импресивна градинка, доволно е само да се погледне дизајнот на “Фуџи” и ќе го дознаете одговорот.31b490f960a830541a06c483e16f67d4

Така се вика нестандардната градинка, лоцирана во градот Тачикава во Јапонија, изградена околу огромно дрво.

Идејата за создавање на уникатна средина за децата, промовирање движењето, е на архитектите од компанијата Tezuka Architects.

Градинката е изградена од дрво и стакло, и се протега на две нивоа. Сите отворени области се покриени со меки гумени душеци, за да се ублажат неизбежните падови на децата.

Масивното дрво во центарот на најчудната градинка во светот е засадено пред повеќе од 50 години.

Во минатото тоа било покосено од тајфун и речиси искоренето, но со текот на времето успева целосно да се опорави.

Според локалните жители дрвото било омилено место за игра на децата уште пред да биде изградена градинка во 2007 година.

За да видите повеќе фотографии од највпечатливото ” детско училиште” во Јапонија, посетете ја нашата галерија.

Фото: boredpanda.com