Терорист на ИСИС му ја откина главата на руски шпион и им се закани на Русите:Нема да имате мир

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Исламската држава објави нова брутална снимка на која се прикажува отсекување на глава на маж кој се придружил на ИСИС, а всушност тврдат дека е руски шпион, пишува СНН.

isis_brutalnost-ytb

Додека заробеникот во портокалов комбинезон клечи пред својот убиец, тој на руски јазик зборува како руските напади кои ги наредил Путин, припадниците на ИСИС ги направиле уште посилни.

Мажот потоа се обраќа на Русите со закана дека нема да најдат мир во своите домови.

-„Ќе ги убиеме вашите синови за секој син кој го убивте овде. Ќе ги разориме вашите домови за секој дом кој го разоривте овде“, се заканува терористот.