Во Анкетната треба да се достават листи со предложени сведоци и експерти

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Во Собранието на Република Македонија денеска седници треба да одржат Анкетната комисија за т.н „Бомби на СДСМ “ или скандалот со прислушкувањето .Членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето треба да го донесат Планот за работа на Комисијата и да достават листи со предложени сведоци или експерти.

собрание сала

ОД другите комисики расправи  во парламентот На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка – второ читање.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправаат по измените и дополнувањата на Законот за постапување со бесправно изградени објекти и на Законот за градење, двата по скратена постапка – второ читање.

На дневен ред на ЗПК се измените и дополнувањата на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот за постапување со бесправно изградени објекти и  на Законот за градење, сите по скратена постапка – второ читање.