Данскиот филм „Збор“ (1955 година) на култниот режисер Карл Теодор Драер ја отвори новата сезона на филмско дебатниот клуб „Лале“. Филмофилите имаа можност да уживаат во одлична актерска игра, софистицирана кинематографија оцртана во црно-бела боја .
Филмот ги отвора моралните дилеми на религијата поврзани со реалитетот и егоизмот на луѓето кој се кршат во апсолутот, обликуван од љубов, вера и надеж. Сценарието за „Збор“ е адаптација на истоимента драмата од протестантскиот свештеник Кај Мунк.
https://www.youtube.com/watch?v=vFVToacVGPc
Филмот „Збор“ е добитник на „Златен глобус“ во САД и „Златен лав“ во Венеција.