Ако ви затреба најбрз интернет, пат под нозе и право во Јужна Кореа.
Оваа азиска држава има најбрза интернет конекција на светот, меѓу 167 рангирани држави, на друга и трета позиција се Данска и Исланд, а Македонија е на 60 место, според извештајот на Меѓународната унија за телекомуникации.

Рангирањето е вршено на основа на брзина на интернет конекцијата.
Според оваа листа во регионот најдобро котира Словенија на 33 место, следува Хрватска на 45, Бугарија 50-то место, Србија веднаш зад неа 51-во, Македонија е на 60 место, Црна Гора 65, Босна и Херцеговина на 77 место и Албанија која се наоѓа на 94 место на листата.
Интресно е дека САД се наоѓа дури на 15 место. Иначе, Јужна Кореа прв пат се најде пред Данска, која претходните неколку години беше на врвот на листата.