Убиство во Мала Речица: Во чајџилница ликвидиран е 43 годишен маж од с.Лисец, убиецот е во бегство

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Четириесет и три годишниот Хасмир Хасани од тетовското село Лисец е убиен попладнево во чајџилница на ул.„Љуботенска“ во тетовска Мала Речица, информира јавниот обвинител Бранислав Нешовски од Тетовското јавно обвинителство.

ubistvo-tetovo

 

 

Нешоски изјави дека околу 15:30 часот добил информација за убиство, по извршениот увид е утврден идентитетот на убиениот, а осомничен за убиството е Џафер Османи со прекар Џафа, жител на ул.„Иво Лила Рибар“ од Тетово.

Осомничениот веднаш по убиството избегал, а според првичните информации од увидот Нешовски рече дека Хасани е убиен со еден истрел во близина на срцето. За поточно утврдување на начинот како настапила смртта кај Хасани телото е предадено за обдукција.

Нешовски потврди дека има сведоци и очевидци на настанот и оти продолжуваат другите активности за рачистување на случајот.