(ВИДЕО) Смешки:Претседателот на ФИФА заспа на прес конференција

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Кога ќе помислиме дека Светската федерација не може да падне на пониска гранка, челниците не демантираат.

1913769411566091ab967c8783752381_w640

ФИФА оваа година се најде во центарот на корупциски скандал околу купување на гласови за организирање на Мундијалот во Германија и Јужна Африка.

Поради тоа многумина се уапсени, претседателот Сеп Блатер е суспендиран поради поткуп, како и првиот човек на УЕФА Мишел Платини.

Во отсуство на Блатер функцијата ја врши Иса Хајату, долгогодишен претседател на Африканската фудбалска конфедерација, но и тој го продолжи срамот на ФИФА.

Во текот на седницата на Извршниот комитет, Хајату е снимен како дреме, додека на говорницата беше еден од неговите колеги.

69 годишниот функционер се опоравува од трансплантација на бубрег, па можеби поради исцрпеност заспал на конференцијата со која претседава.

Првата точка на дневен ред се реформите кои би требало да бидат спроведени, за да не го изгуби ФИФА својот углед.