(ВИДЕО) Спектакуларно палење на новогодишните светилки во Њујорк

од Vladimir Zorba
91 прегледи

 

Милиони луѓе ширум светот синоќа можеа да бидат сведоци на палењето на светилките на новогодишната елка во Њујорк.204c7c3a803d

Како и од се, така и од овој настан Американците направија вистинско шоу, на кое настапија Стинг, Мери Џеј Блајџ, Андреа Бочели и Џејмс Тејлор.

На самото место околу „Рокфелер“ центарот присуствуваа неколку илајди лица, а целиот настан беше дирекно пренесуван и на социјалните мрежи.Rockefeller-Center-Christmas-Tree-lights-up-New-York

Традицијата на организирање прослава при палењето на новогодишните светилки пред центарот „Рокфелер“ во Њујорк датира од 1931 година, а за овој настан се снимени голем број филмови, меѓу кои најпознат е „Сам дома 2“.