(ВИДЕО) Грозна игра-обука за деца идни џихадисти: Најди и убиј заробеник !

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Им даваат по парче чоколадо на идните терористи пред да тргнат да си го бараат “трофејот” низ урнатините на зградите

20151204.jekojnokct

Фанатиците од “Исламска држава” одлучија да се пофалат на социјалните мрежи на каков начин ги воспитуваат своите идни кадри. Тие ги подложуваат на прилично морничава игра криенка. Во неа, во својство на жива мамка, учествуваат и заробеници. А децата мора да поминат низ голем број напуштени згради и подземни тунели. И ако се доволно набљудувачки и логични, во било кој дел на овие катакомби ќе го откријат својот заробеник и ќе имаат задоволство да го застрелаат, пишува “Дејли мејл”.Снимка е направена во сириската провинција Деиз .Снимани се шест деца  кои горат од желба да бидат подложени на испит со злобна игра криенка.”Живата мамка” е  ставена во било кој дел на дотраените згради  со рацете врзани на тилот, треба да стои и да чека додека детето не го открие и не му го потпре пиштолот до слепоочницата  и да го   убие.А идните борци од видеа се на не повеќе од 8 години.

kriene1
Снимените  деца најверојатно се од Северна Африка или Таџикистан, тврдат воените известувачи .

Видео клип на “Исламска држава”:Пред да се пуштат во трката идните фанатици  ги сослушуваат упатствата на својот ментор- постар и искусен џихадист. Потоа добиваат парче чоколадо и додека го јадат тргнуваат да го бараат својот заробеник за стрелање. За секое следно дете локацијата на жртвата е различна.