Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева ја донесе првата одлука и се прогласи за надлежно за изборните нерегуларности кои според политичките бомби на Заев ги правеле првите луѓе на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ- јави А1он . Ова ќе бидат првите предмети што ќе ги отвори специјалното обвинителство, а во наредниот период ќе побара докази од државните институции со цел да се докажат наводите кои произлегуваат од прислушуваните разговори.
-Во изминатиот период правени се анализи на доставените статистички податоци од Јавното обвинителство на Република Македонија, како и анализи на јавно објавените материјали од незаконското следење на комуникациите. Овие анализи покажаа основно сомнение дека се работи за предмети кои се во надлежност на ова јавно обвинителство, што се потврди од увидот на списите на предметите.
Обвинителството ѝ ги предаде сите предмети од прислушувањето на Катица Јанева
Во оваа насока би сакале да појасниме дека од овој момент единствено надлежни за постапување по предмети поврзани со изборните нерегуларности за изминатиот период, а кои се поврзани и произлегуваат од незаконски следените комуникации сме токму ние, односно Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите – изјави јавната обвинителка, Ленче Ристевска.
Повеќе ТУКА