Новинската агенција Амак, блиска до ИСИС, соопшти дека нападот во Сан Бернандино во Калифорнија, во кој беа убиени 14 луѓе го изнеле припадници на Исламската држава.

Претходно американските медиуми објавија како истражните органи веруваат дека Ташфин Малик, која заедно со сопругот усмртија 14 лица, се заколнала на лојалност на лидерот на Исламската дрѓава Абу Бакр ал-Багдати.
Изворот упатен во истрагата навел дека Малик, се заколнала на верност на својот фејсбук профил под друго име, а тој пост го избришала пред да тргне со сопругот во смртоносен напад во центар за помош на лица со инвалидитет.
Малик (27) и нејзиниот сопруг Сајед Ризван Фарук погинаа во престрелката со полицијата неколку часа откако во средата извршија масакр во Сан Бернандино.
Тоа беше најсмртоносното убиство во САД во последните три години.
Брачниот пар има шестгодишна ќерка.