(ВИДЕО) Дали се ова „бомбите“ кои први ќе ги обработи специјалното обвинителство

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Кривичните дела поврзани со изборните нерегупарности ќе бидат првите за кои специјалното јавно обвинителство ќе отвори предистражна постапка. Ова го потврди Ленче Ристовска член на тимот на Катица Јанева.

z6

Обвинителство утврдило дека ја има стварната надлежност во однос на делата од областа со изборните нерегуларности и затоа уште веднаш ќе се започне со предистражни дејствија. Обвинителката не прецизираше колку кривични дела опфаќаат тие нерегуларности и не сакаше да зборува кој би бил евентуално одговорен.

Изборните нерегулрности беа тема на седмата и осмата бомба на опозицијата презентирани во март годинава. По објавените телефонски разговори опозицијата во кривичните пријави кои ги поднесе како одговорни ги наведе Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски.
„Сите кои поседуваат докази во врска со овие предмети ќе бидат повикани да ги достават до специјалното обвинителство. Податоците за тоа против кого ќе се водат истрагите, се тајни и се уште е рано да се зборува, бидејќи според досега анализираните податоци, специјалното обвинителство одлучувало само за надлежноста“, рече Ристевска.

Ристовска информираше дека е преземен и предметот „Пуч“, но не ги објасни законските можности на специјалното обвинителство, како ќе постапува во овој предмет, откако претходно ќе мора да се прогласи за стварно надлежно, исто како во предметите со изборните нерегуларности.

Од специјалното јавно обвинителство откриваат и дека ангажирале само двајца истражители, но се очекува тимот да се дополни со уште единаесет. Со законот за јавнообвинителска служба обвинителката посочи продецурата зависи од министерството за правда и владата од каде побарале одговор.

Обвинителката Ристоска за случајот Ровер информираше дека се уште до нив не се доставени никакви материјали и никави аудио снимки, но го повикува Бошкоски доколку нешто поседува да им се обрати.

Слични содржини