Еден загинат и четворица повредени ноќеска во сообраќајка во Скопје

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Тешка  сообраќајна несреќа се случи ноќеска  во скопската населба Кисела Вода, кај Рампа, во која најмалку едно лице загина, а четворица се тешко повредени, јави Курир.soo(9)

Во сообраќајката учествувале „лада“ со скопски регистерски таблички и патничко комбе со белградски таблички кои директно се судриле.

На лице место има две амбулантни возила и пожарникари кои се обидуваа да ги извадат повредените, пренесе порталот.Повеќе информации во врска со сообраќајката ќе има во текот на денешниот ден.

 

фото: Курир