Предметот Пуч се пресели во специјалното обвинителство, кај Катица Јанева .Заев сега не мора да го приведуваат за да го носат кај обвинителите на Зврлевски. Сега тој сигурно сам ќе си оди.
Предметот во кутија на која стои бројот досието на Ѓорѓи Лазаревски, 5-то обвинетиот во Пуч, случај за кој е обвинет и опозицискиот лидер Зоран Заев. беше префрлен еден час по првата прес конференција на обвинителството на актуелната адреса.Сега останува да се почне веројатно од почеток на разглдување на доказните материјали.
Вчера е објавен и првиот предмет за кој специјалното обвинителство одлучило дека има надлежност да бара кривично дело. Станува збор за изборните нерегуларности. Без детали кој ќе биде испрашуван, од обвинителството соопштија дека не станува збор само за еден случај произлезен од бомбите како што беше кривичната пријава против Груевски, Јанкуловска, Јанакиески и непознати луѓе вработени во МВР на изработка на документи туку за повеќе случаи со изборните манипулации и злоупотреби за кои има сведоштва во бомбите.
– Ќе постапуваме по предмети каде што има изборни нерегуларности точно против кои лица за нас е ирелеватно. Она што е наше начело на постапување и она што е наша мисија е дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите и без оглед кој и да е тангиран во тие постапки стоиме зад тоа дека никој не може да биде над законот и мора да одговара во рамките на своите дејствија. Се работи за предистражни постапки кои што се тајни и во интерес на тие постапки сите податоци би ги изоставиле до некоја наредна фаза кога ќе можеме да соопштиме и подробни детали, изјави пред новинарите Ленче Ристовска, обвинителка во СЈО.
На новинарско прашање дали и случајот со личните карти ќе биде преземен во рамкоте на воие случаи, Ристовска одговори дека случајот со личните карти кој што го имаше објавено „Фокус“ моментално не е доставен во СЈО.
-Меѓутоа нашите сознанија одат до таму дека постојат основи на сомнение дека и тој предмет е поврзан со незаконски следените комуникации како предмет којшто ги таргетира изборните нерегуларности. Во наредниве денови ќе биде побаран и тој предмет по што ќе се произнесеме и формално за стварната надлежност за тој предмет, рече Ристовска.
Сите 36 предмети државното обвинителство , со две возила вчера попладне ги предаде на специјалното обвинителство на Катица Јанева, чие сдеиште засега е Министерството за правда.