И Турците и светот изгубија контрола врз Ердоган, “смешно” ама турските специјалци во Ирак ќе ги обучувале Курдите

од desk3
92 прегледи

Турција испрати својот воена единица во северниот ирачки град Мосул. Активностите на Анкара предизвика итна реакција во Ирак.

130 турски војници се стационирани во кампот на браќата Нуџејфи, едниот од нив Осама Нуџејфи е потпретседател на Ирак. Официјално се тврди дека турските војници ќе го обучуваат локалното курдско движење

06rdv-turkey-tmagArticle

Испраќањето не е дел од напорите на предводената од САД коалиција против терористичката група “Исламска држава”, пренесоа агенциите. Повикувајќи се на извор од воените кругови, Агенцијата соопшти дека “САД знаат за испраќањето на стотина турски војници во северен Ирак, но тоа не е поврзано со активностите на коалицијата предводена од САД”.

За возврат претставник на турските безбедносни изјави дека меѓународната антитерористичка коалиција била предупредена за испраќање на турски војници во регионот.

Ирак побара Турција веднаш да ги повлече своите сили испратени да обучуваат вооружени ирачки групи без одобрение на Владата во Багдад, се наведува во коминикето на премиерот Хајдар ал Абад.

САД одамна упати предлог кон Турција да го зајакне учеството во воздушните напади против “Исламска држава” во Сирија, но само против џихадистите.Никако против силите на Асад. Тоа објавија извори на Ројтерс од американските власти. Потегот е предизвикан од настанатите огромни тензии меѓу Москва и Анкара, откако турските воздухопловни сили го соборија руски бомбардер над границата со Сирија минатата недела.

До овој момент Турција, која е членка на НАТО, не се вклучи во воздушните напади против “Исламска држава”, иако обезбедува логистичка поддршка. Американските стратези сакаат сериозно учество на Турција и затворање на овој дел од нејзината граница со Сирија, која се смета за главна доставувачка рута на “Исламска држава”.

САД сега ја одвраќаат Турција од воено учество во Сирија

Оваа недела кон американските воздушни напади се приклучи и Велика Британија, а Франција ја зголеми својата улога по крвавите напади во Париз. Министерот за одбрана на САД Ештон Картер упати повик и за поголемо турско учество.

Според Картер приоритет е царинска контрола, но од Анкара се очекуваа и повеќе воздушни напади врз позициите на џихадистите. Вашингтон ги поддржува турските напади против Курдистанската работничка партија, а и двете страни ја сметаат организацијата за терористичка.

Според Ројтерс во моментов во администрацијата на претседателот Барак Обама тече спор колку Турција треба да учествува повеќе.

Оваа недела рускиот претседател Владимир Путин го нарече соборувањето на рускиот авион “воено злосторство” и додаде дека Турција ја очекуваат уште санкции. Москва веќе хо ограничи увозот на турски јадења, како дел од поголем пакет мерки. Запрени беа и преговорите за гасоводот “Турски поток”.

Русија спроведува сопствена воздушна кампања во Сирија, од која беше дел и соборениот авион. Таа им помага војниците на сирискиот претседател Башар Асад. Западот и Турција инсистираат Асад да се повлече од функцијата.