Турските власти запленија 4 бродови под руски знаме на пристаништето Самсун.
Според новинските агенции овој чин е в одговор на приведените во последната недела 5 турски трговски бродови од пристанишните власти во Новоросијск.
Кризата во билатералните односи по инцидентот со соборениот руски авион несомнено ќе влијае длабоко и поморскиот сектор, е наведува “Сондакика”.
Причина за зепленетите во Самсун руски бродови се констатирани неправилности во превоз, но турската пристанишна администрација не прецизира какви се тие.
Вонредна! Давутоглу испрати усна “телеграма” до Путин
Весникот “Милиет” нагласува дека станува збор за одмазда поради проблемот со приведените турски бродови кои превезуваат намирници, овошје и зеленчук, на кои пред неколку дена руската страна воведе забрана за увоз на нив.
Од екипажите на руските пловила кои чекаат со часови, се побарани уште документи потребни за легализација на товарите, како и такви, во согласност со меѓународното законодавство за навигација.
Долгото чекање конечно заврши со дозвола за напуштање на пристаништето на Самсун за 3 од бродовите ,а четвртиот продолжува да е предмет на царински надзор. Вкупно 6 брода под руско знаме се проверуваат темелно денес на ова пристаниште.
