Петгодишно момче сака да прати писмо на Марс, но тоа ќе го чини 18.000 долари

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Британската пошта се обратила за помош на Американската вселенска агенција НАСА откако добила порака од петгодишното момче Оливер Гедингс кое сакало да дознае колку би чинело да прати писмо на Марс.

a-pismo-(1)_620x0

Оливер веројатно нема да може да го испрати писмото бидејќи цената е астрономска – 11.602,25 фунти или 18.000 долари. Толку пари ќе чини пратката според пресметките на НАСА.

Во својот одговор на момчето, кое сонува да стане астронаут, Ројал мејл детално му објаснува како е дојдено до цената.

-„НАСА исто така ми рече дека нејзината последна посета на Црвената планета, со посредство на мисијата „Кјуриозити“ чинела околу 700 милиони долари, наведе Оливер.

Тој истакна дека праќањето на предмет од тежина до 100 грама според математиките на НАСА чини приближно 18.000 долари.

Смаут на ковертот би требал да залепи 16.416 најскапи поштенски марки.